Портрети

Портрети

Портретите се правени рачно со замена на традиционалната техника на бои и четки, со графички молив. За изработка на портрет потребно е да доставите фотографија од ликот кој би сакале да се илустрира. На фотографијата е важно лицето да се гледа чисто и да биде што пореално за да може подобро да се долови. По заедничка консултација, изборот на фотографија како и деталите околу илустрацијата (облека, позадина, бои и слично) го потврдува самиот купувач пред да се започне со изработка. Понатамошна промена на фотографијата се смета за нова илустрација.

Времето на изработка е по договор (најмалку два дена). Времето за извршување мали поправки е два дена откако ќе се достави првата верзија од илустрацијата.

Димензијата на електронската верзија може да се адаптира по потреба

По комплетирање на нарачката и на малите поправки доколку има барања за истите, на вашиот e-mail во електронска верзија ќе пристигне илустрација во PDF формат со 300 dpi висока резолуција која може да ја испечатите на хартија, маица, чаша и многу други предмети и една JPEG верзија за дигитална употреба (објава на социјални мрежи, блог, веб страна и слично).

Дополнитено, во DiArtbar може да се вклучи и печатење на истата илустрација на хартија, чаша, маица, блузон, нотес, беџ. Доколку вашиот производ не е вклучен во понудените, контактирајте нѐ. Принтовите на хартија се А5, А4 и А3 формат, на 300 грамска хартија и истите можат и да се врамат. Рамката би ја добиле спакувана и со можност за ваша порака на неа доколку се работи за подарок. Контактирајте нѐ за деталите

Би биле среќни да ги видиме вашите портрет илустрации на социјалните мрежи. Искористете ги следните тагови #diartbar @diartbar 🖤

Нарачајте го вашиот портрет

Scroll Up