Рекламација на производ

Последна ревизија : 12.12.2019

Ви благодариме за посетата на : www.diartbar.com 

Политика за враќање

www.diartbar.com обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени од www.diartbar.com или платени преку жиро сметка, под долу наведените услови:

Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 3 дена, заедно со приложената фактура и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, ве молимe да не информирате за вашето барање и истото да го доставите на имејл-адреса: diartbar@yahoo.com или на инстаграм @diarbar

Во случај на побарување на поврат на парични средства, тоа можете да го остварите само доколку производот е вратен непотребен, неоштетен и во оригиналното пакување, со приложена фактура во период од 3 дена од приемот на производот. Средствата ќе бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција .

Во случај производот да се врати користен, отпакуван или оштетен од страна на купувачот, износот на вратените средства ќе биде намален од 50- 70% од вкупната цена.

Доколку има потреба од повраток на средства на илустрации по нарачка од секаков вид, вклучувајќи и портрет илустрации, се враќа 50% од вкупната цена на самата изработка. Трошоците за печатење/ врамување се неповратни.

Средствата се враќаат откако производот ќе се врати на адреса на Diartbar.

DiartBar има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб сајтот www.diartbar.com . Нашата политика за враќање на производ и парични средства е достапна на нашиот веб сајт. Ви препорачуваме при секоја посета на веб сајтот да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.

КОНТАКТ

Доколку имате потреба од контакт со одговорно лице, можете да не контактирате на следната мејл адреса:  diartbar@yahoo.com

Scroll Up