За нас

Диартбар - креативно студио!

Здраво! Добредојдовте на веб страницата на Диартбар – креативно студио!

 Ние сме квалификувани и овластени илустратори и креатори на анимации, и уживаме да ја изразуваме сопствената креативност и имагинација преку нашите уникатни проекти, ликови и дизајни. Постојано и неуморно создаваме креации, мотивирани од желбата да искреираме инзвонредни и беспрекорни дизајни. Деталите се најважни, а тоа е водечкото мото на нашата компанија. Пресреќни  сме да ви ги претставиме нашите веќе изработени дизајни кои се во нашата продавница. ((but also more than happy to work on commision projects)). Слободно можете да не исконтактирате кога и да посакате, а ние ве уверуваме дека со нетрпение очекуваме да соработуваме со вас, бидејќи секогаш се трудиме да ги надминуваме вашите потреби и очекувања.

Покрај сопствените колекции,  ДиАртБар успешно соработуваше со „Бовин“ , издавачките куќи „Топер“ и „Феникс“ во изработка на сликовници и дизајн на книги, соработка со „Стрип центар – Велес“ во изработка на детски стрип „ Убавите нешта“ , изработка на детски анимиран серијал од 30 епизоди за Македонска радио телевизија под наслов „БОНТОН“. Учество со 2Д и 3Д анимација во изработка на 10 документарни филмови под покровителство на МРТВ.  Диартбар е лиценциран ЦЦД девелопер за фирмата „reallusion” за изработка на 2Д и 3Д карактери под псевдонимот „дичо“

Scroll Up