2Д Анимација по нарачка

2Д Анимација по нарачка

Овој дел на 2Д анимација од нашата страница е наменет за спроведување на вашите идеи, приказни, детски приказни, роденденски честитки, басни, бајки, реклами, музички и други теми кои би сакале да ги прикажете низ 2Д анимација.
Темите според кои би се работела 2Д анимацијата се неограничени.
ПОТРЕБНО ЗА ИЗРАБОТКА-
– Кратко или детално сценарио во пишана форма или опис на настаните и дејствата кои би сакале да се одвиваат во видеото. Во сценариото е потребно да се наведат сцените (кога и каде се случува дејството), колку ликови се потребни, дали е потребен говор и временска рамка на проектот.
Може да се достави и само текст од приказната која би сакале да се прикаже низ анимација, при што, во тој случај, сценариото и се она што е потребно за анимацијата би било одредено од наша страна.
– Доколку во сценариото е треба да има говор, тогаш е потребно да се достави аудио запис на говорот кој би се внел во анимацијата во WAV формат. Доколку немате можност тоа да го направите, ние исто така можеме да го направиме тоа наместо вас.
Откако ќе ги добиеме сите детали и насоки потребни за изработка, се започнува со процесот на анимирање, по кој ќе се направи монтирање за добивање на крајниот производ. Видеото ќе биде изработено во HD резолуција 1920×1080.
Должината на анимацијата ќе биде во зависност од сценариото, но и намената на видео проектот.
Цените на видео проектите се формираат со заеднички договор, во зависност од комплексноста на проектот, бројот на ликови и сцени, аудио запис и материјал и време потребно за изработка на финалниот производ.
Ве очекуваме на нашата електронска пошта или на социјалните мрежи со вашите барања за заедно да создаваме нови виртуелни приказни.

Зајакот и желката

Реклама-Поточиња 2020

Аудиција - Поточиња 2020

Пијаниот зајак и волците

Изработка на 2Д ликови

Scroll Up
Select your currency
MKDMacedonian denar