FAQ

FAQ

Најчести прашања и одговори

Како и каде се здобивте со вештините?

  • Ова прашање го добиваме често. Можеме да кажеме дека имаме некоја надареност за креативни работи и уметност, но талентот сам по себе не може да носи успех доколку постојаната работа и вежбање не го надоградуваат.
    Потребна е секојдневна работа, посветеност, надоградување на знаењето и техниките, пробување нови стилови за да се
    постигат задоволителни резултати. Нашето формално и неформално образование поврзано со графички дизајн и анимација,
    се надградба на желбата и интересот за оваа работа.

Кои техники и алати ги користите?

  • Илустрација – кога прв пат започнав со дигитална илустрација, прво ги правев цртежите рачно, како што дотогаш знаев.
    Потоа ги скенирав или фотографирав за да се префрлат во програмата за илустрација. Беше долг процес кој одземаше доста
    време. Моментално работам на iPad Pro koj е единствената и главна алатка за изработка на илустрација.
    Анимација – За изработка на некои сцени и ликови, повторно ги користиме iPad Pro и Photoshop. Ликовите и сцените потоа се
    префрлаат во друг софтвер- Cartoon Animator, каде се тестираат, стилизираат и се подготвуваат за проекти за анимација.

Социјални мрежи

  • Како што знаеме, денес социјалните мрежи се клуч за истакнување на работата на повеќето уметници во која било област.
    Ние се фокусираме на Instagram, Facebook & PInterest каде може да го следите Diartbar и да бидете во тек со новите производи и интересни содржини

Времето на изработка и цена за сите проекти по нарачка се одредува според комплексноста на изработката.
За поголеми нарачки во пресметката на цената е вклучен попуст. Во секцијата ,,Нарачај” на нашата веб страница има неколку видови
на производи по нарачка од кои можете да изберете. Доколку производот кој сакате да го добиете не е вклучен во нив,
можете да ја искористите секцијата ,,друго” за да не’ контактирате со деталите за вашата нарачка.

Доколку сте заинтересирани за лиценцирање на нашите изработки за комерцијална употреба, контактирајте не на diartbar@outlook.com
со повеќе детали и информации за начинот на кој би го употребувале производот и линк од истиот (доколку се работи за веќе постоечки производ)

Не е дозволено

  • Користење на производите објавени на www.diartbar.com на print on demand веб страници (Zazzle, Cafepress, Amazon Merch,
    Society6, Redbubble, итн.) Доколку сте заинтересирани за ексклузивни права за користење на кој било производ,
    контактирајте не со деталите.
  • Користење на илустрациите или други дигитални производи или фотографии објавени на за лична употреба без надополнување
    на името на уметникот. Употребете го следниот опис Art by Diartbar – www.diartbar.com или употребете го тагот на Diartbar
    на социјалните мрежи

     

  • Репродукција, копирање, редистрибуција или користење на кој било производ без логото на Diartbar, за комерцијални цели
    (без претходен договор и дозвола за употреба за комерцијални цели), подлежни на правни санкции.

     

  • Користење на нашите производи и фотографии за нелегални цели. Diartbar се оградува од истото

     

  • Користење на нашите производи и содржини за порногравски и нелегални активности, за омаловажување на личност,
    националност, раса за нарушување на приватноста или дополнителни нелегални дејства. Diartbar се оградува од овие дејства надвор
    од наша контрола.

Соработуваме со странска компанија за печатење производи, така што физичките производи објавени на веб страницата се со време на достава прилагодено за достава во странство.
При check out прикажано е и времето на достава во Македонија, на производите кои веќе сте ги ставиле во кошничка.

Производите достапни со побрза достава во границите на Македонија се маички, чаши, принтови и врамени принтови.
Контактирајте не’ со линкот од некој од производите од овие категории кои сакате да се достави на ваша адреса, со деталите за достава.
Соработуваме со компании за брза достава, кои производот ќе го донесат до вашата адреса.
Трошокот за достава е од страна на купувачот и е 120 – 150 денари со достава до домашна адреса.

Замена на производ и враќање средства –
Достапно е само за производи оштетени при достава или
достава на погрешен производ и истото може да се изврши најдоцна 3 дена откако производот се испрати/подигне, но секако
стоиме на располагање за каков било проблем поврзан со некој од нашите производи.

Дигитални производи
Вклучени се 2 документи со висока резолуција PDF (може да се испечати во печатница во вашето
место на живеење, на хартија, маичка, чаша и слично) и JPEG за дигитална употреба.

Поради природата на дигиталните производи, истите нема можност да се вратат или заменат.

error: Content is protected !!