Здраво!

Приказната започннува со нас, Александра и Раде, двајца уметници во различни но во исто време насоки со многу заеднички точки – илустрација и 2D и 3D анимација кои споени заедно го создаваат нашето креативно студио.  Од 2005та година (и сеуште уживајќи во секоја минута од процесот) константо и неуморно истражуваме и создаваме, мотивирани од желбата за совршено претставување на секој детаљ – што е воедно и нашето водечко мото.  Желбата за креирање подароци што остануваат и траат, за внесување индивидуалност и разнобојност во плакарите и домовите со нашите колекции на облека и додатоци  и за уникатен придонес во вашите проекти за анимација е нашиот главен извор на инспирација.


Со задоволство работиме на проекти по нарачка – ве очекуваме со деталите за вашата. Среќни сме што го имаме нашиот мал дел од интернетот каде што можеме да споделуваме креативност со светот!

КЛИЕНТИ – винарија Бовин, издавачки куќи Топер, Феникс, Матица, детски анимиран серијал Бонтон,         2D и 3D анимирани историски документарни филмови за МТВ, Unque магазин 

 


Заследете не'
на социјалните мрежи!

Scroll Up
Select your currency