Свадбени покани со портрети

Свадбени покани

ИЗРАБОТКА
Свадбените покани се исцртани рачно, со замена на традиционалната техника на бои и четки со графички молив. За изработка на СВАДБЕНИ ПОКАНИ СО ПОРТРЕТИ ОД МЛАДОЖЕНЦИТЕ  потребно е да испратите засебни или заеднички фотографии од младоженците и облеката која би сакале да биде исцртана. Фотографиите е препорачливо да бидат со добра резолуција и квалитет за да може да се добие подобар резултат и на истите е важно да се гледа добро лицето, останато може да се исцрта и искреира дополнително. По заедничка консултација и избор на фотографии и останати детали за изработка (бои, позиција на тело, текст, додатни елементи, итн.) купувачот ги потврдува деталите воедно и нарачката. Нарачката се смета за потврдена со уплата на целосната сума или 50% од сумата пред да се започне со изработка и останатите 50% откако дизајнот ќе се заврши, пред да се добие на емаил. Со која било од двете понудени опции 50% од средствата не се повратни. Понатамошна промена на деталите и фотографиите потребни за изработка би се сметале како дополнителна нарачка.
Во оваа нарачка е вклучен врамен А4 принт на вашата илустрација, како подарок со искрена желба за среќа 🙂

ПЕЧАТЕЊЕ
По комплетирање на нарачката и на малите поправки (доколку има потреба од истите), на доставениот емаил во електронска верзија ќе пристигне илустрацијата и комплетниот дизајн во PDF и PNG / JPEG формат. Истата ќе може да ја искористите за печатење на хартија (испечатени покани/ принт за во рамка и слично), текстил, керамика. Поканите може дополнително и да се испечатат во Диартбар, цената е по договор во зависност од форматот и начинот на печатење (двострано, еднострано ).

Времето на изработка е по договор, најмалку 5 работни дена од денот на потврдување на нарачката.
Времето на извршување мали поправки е 3 дена откако ќе се достави првата верзија.

ЦЕНА
Цената на целосен дизајн на покана вклучувајќи две портрет илустрации, додатни исцртани елементи како на примерите од нашето портфолио прикажани погоре (пример- цветни мотиви или друг вид детали по желба), текст, дополнителни мали поправки е 3500 денари, со дополнителен подарок, врамена илустрација во А4 формат.
Ги очекуваме вашите пораки на социјалните мрежи или на нашиот емаил – diartbar@yahoo.com со деталите, за заедно да искреираме везвременски спомен на вашите најубави моменти.

Нарачајте ги вашите свадбени покани

Scroll Up
Select your currency
MKDMacedonian denar