За нас

Диартбар - креативно студио

Здраво! Добредојдовте на веб страницата на Диартбар – креативно студио!

 Ние сме квалификувани и овластени илустратори и креатори на анимации, и уживаме да ја изразуваме сопствената креативност и имагинација преку нашите уникатни проекти, ликови и дизајни. Постојано и неуморно создаваме креации, мотивирани од желбата да искреираме инзвонредни и беспрекорни дизајни. Деталите се најважни, а тоа е водечкото мото на нашата компанија. Пресреќни  сме да ви ги претставиме нашите веќе изработени дизајни кои се во нашата продавница, но и да изработиме проекти по нарачка. Слободно можете да не исконтактирате кога и да посакате, а ние ве уверуваме дека со нетрпение очекуваме да соработуваме со вас, бидејќи секогаш се трудиме да ги надминуваме вашите потреби и очекувања.

Покрај сопствените колекции,  ДиАртБар успешно соработуваше со „Бовин“ , издавачките куќи „Топер“ и „Феникс“ во изработка на сликовници и дизајн на книги, соработка со „Стрип центар – Велес“ во изработка на детски стрип „ Убавите нешта“ , изработка на детски анимиран серијал од 30 епизоди за Македонска радио телевизија под наслов „БОНТОН“. Учество со 2Д и 3Д анимација во изработка на 10 документарни филмови под покровителство на МРТВ.  Диартбар е лиценциран ЦЦД девелопер за фирмата „reallusion” за изработка на 2Д и 3Д карактери под псевдонимот „дичо“

Scroll Up
Select your currency
MKDMacedonian denar